|
ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ТРЕТАТА ОБУКА
На 03.04.2008. год. се оддржаа две работилници како дел од третиот циклус на едукативни обуки коишто ја третираа темата: Развивање на креативно и оригинално мислење - примарна задача на наставниот процес.
Низ предвидените игровни активности и техники за поттикнување на креативниот потенцијал успешно се изврши операционализацијата на зацртаните цели:
• Демонстрирање на начинот на обликувањето, формулирањето на задачите во насока на поддржувањето на креативниот дух кај учениците;
• Сензибилизирање на едукаторите за важноста на развивањето на флексибилноста, флуентноста и оригиналноста кај учениците при продуцирањето на идеите;
• Мотивирање на учесниците за континуирано негување на креативното мислење кај учениците:
• Запознавање на едукаторите со елементите на креативните вештини и креативниот стил.
Беа презентирани повеќе техники наменети за ученици од различна возраст низ коишто наставниците како активни учесници можеа непосредно да ги согледаат фазите, етапите низ кои истите се реализираат, што воедно беше основа за конструктивна меѓусебна дискусија преку која беа разјаснети дел од дилемите околу истите.
Се обрна внимание избраните активности да се одликуваат со можноста за лесно имплементирање во рамките на различни наставни подрачја, како и воедно да бидат претпоставка за организирање на тимска и тандемска соработка.
При спроведувањето на планираните активности и содржини беа презентирани и користени соодветни пропратни работни листови коишто се во функција на нивната реализација.
Истите воедно претставуваа и соодветен модел за потребната структура на работен лист којшто треба да го помогне поттикнувањето на развојот на креативниот дух кај учениците.
На работилниците ја воочивме позитивната емоционална атмосфера. Мотивираноста на учесниците и нивната позитивна повратна информација се поттик за организирање на уште еден циклус обуки.
Реализатори:
Биљана Крстеска-Папиќ
Мајлинда Ковачи
|