|
ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАТИВНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ СО НАСТАВНИЦИТЕ
Предвидени се четири викенд-работилници (дводневни сесии) чиишто цели се:
• сензибилизирање на наставниците за улогата и важноста на игровните активности во едукативниот процес;
• оспособување на наставниот кадар за поттикнување и креирање на позитивна социо-емоционална клима во групите со хетерогена етничка структура;
• воведување во техниките за конструктивно и мирно решавање на конфликтните ситуации во групите;
• запознавање на едукаторите со стратегиите и постапките за поттикнување и развивање на креативното и оригиналното мислење кај учениците;
• осознавање на улогата на методот на игра во градењето на квалитетна меѓусебна соработка, толеранција, почитување и помагање во рамките на матичната група;
• презентирање на повеќе техники и стратегии во насока на развивањето на критичкото мислење кај учениците;
• акцентирањето на улогата и придобивките на методот на демонстрација, самостојна и практична работа на учениците во наставниот процес;
• поттикнување на наставниците за редовно практикување и оспособување на учениците за тимската и тандемската работа;
• запознавање на едукаторите со активности чијашто функција е поттикнување и оддржување на високо мотивационо ниво кај учениците и активна улога во едукативниот процес;
• демонстрирање на модел на билингвален пристап во реализирањето на наставните содржини.
Зацртаните цели ќе се операционализираат низ четири викенд-работилиници, во текот на месец март и април 2008. година.
Едкативните работилници ќе ги обработуваат следниве четири теми:
Едукативни, дидактички игри како фактор во развивањето на позитивната социо-емоционална клима;
Градење на квалитетни соработнички односи како темел за креирање на успешен тим;
Развивање на креативно и оригинално мислење - примарна задача на наставниот процес;
Стратегии и техники за поттикнување и формирање на критичкото мислење кај учениците
|